Connect with us

Свет

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина

Кремљ соопшти дека подготовките за претстојната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Кина се завршени.

Посетата ќе се случи кусо по посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на земјата, пренесоа руските медиуми.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека сите детали околу посетата се веќе прецизирани и усогласени. Според него, официјално соопштение за посетата ќе биде објавено наскоро по координација со Пекинг, нагласувајќи дека Москва не сака да брза со објавувањето.

Весникот „Саут Чајна морнинг пост“ претходно објави дека посетата на Путин е планирана за 20 мај. Сепак, кинеското Министерство за надворешни работи не ја потврди датата.

Последната посета на Путин на Пекинг беше минатата година, кога присуствуваше на воена парада по повод 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1