Connect with us

Свет

Трамп во телефонски разговор со јапонската премиерка го потврдил цврстиот сојуз меѓу САД и Јапонија по неговата посета на Кина

Јапонската премиерка Санае Такаичи изјави дека за време на телефонскиот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, двајцата го потврдиле непоколебливиот сојуз меѓу Јапонија и САД.

Трамп разговарал со Такаичи додека бил во претседателскиот авион „Ер Форс Уан“ само неколку часа по завршувањето на неговата дводневна посета на Кина.

– Разменивме мислења за прашања поврзани со Кина, вклучително економијата и безбедноста, и ја потврдивме потребата од тесна координација за темите што го засегаат Индо-пацифичкиот регион – изјави Такаичи по разговорот.

Двајцата лидери разговарале и за теми поврзани со Иран, при што јапонската премиерка ја претставила позицијата на Токио за тие прашања. Таа, сепак, не одговори на прашањето дали за време на разговорот се дискутирало и за Тајван.

Според Такаичи, Трамп детално ја информирал за својата посета на Кина, под услов содржината на разговорот да остане доверлива.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1