Свет
Најмалку 12 повредени во поплави во Турција
Најмалку 12 лица се повредени и хоспитализирани по поплавите во Турција, во областите недалеку од Црното Море, јави денеска агенцијата Анадолија.
Реките во провинцијата Самсун синоќа се излеаја како последица на врнежите, а водата носела автомобили и поплавила куќи.
Ниту еден од повредените не е во животна опасност. Медицинските тимови на некои од повредените им укажаа помош на самото место.
Пожарникарите, припадниците на полицијата и службите за вонредни состојби се распоредени во загрозените подрачја со цел да им помогнат на жителите и да го исчистат теренот.
мај 14, 2026
