Connect with us

Свет

Сибиха: Еден ден војна Украина ја чини 450 милиони долари

Шефот на украинската дипломатија Андриј Сибиха денеска изјави дека еден ден од војната со Русија, Украина ја чини околу 450 милиони долари, но оти највисоката цена е загубата на животите на украинските војници.

Тој, на конференцијата „Стратеџик арк“ (Strategic Ark) во организација на Полскиот институт за меѓународни односи (ПИСМ), наведе дека Украина е „многу блиску до моментот кога времето би можело да почне да работи во нејзина корист“.

Според него, руската економија покажува знаци на ранливост, додека поддршката за рускиот претседател Владимир Путин во Русија, како што тврди, „опаѓа“.

– Гледаме дека таму нешто се случува. Имаме наши разузнавачки податоци и процени на партнерите, истакна Сибиха, додавајќи дека Украина сака да го зголеми притисокот врз Русија, со различни средства, за завршување на војната.

Тој истакна дека годинава може да биде клучна за постигнување мир. 

Маркетинг
Ad 1
Ad 1