Connect with us

Вести

Тошковски: Никогаш нема да ја заборавиме жртвата на загинатите припадници на полицијата во Диво Насеље

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. 

– Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана на државата и безбедноста на граѓаните, жртвувајќи го сопствениот живот во борбата против терористичката закана. Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ се симбол на храброст, чест и безусловна љубов кон Македонија. Нивните имиња остануваат трајно врежани како сведоштво дека татковината се брани и со живот. Денеска, во Инџиково и Бутел положивме свежо цвеќе во знак на почит за нивното дело и како порака дека нивната жртва никогаш нема да биде заборавена, напиша министерот Тошковски во објава на Фејсбук.

Овој ден, потенцира министерот,  нè потсетува колку е висока цената на слободата, но и колку е силен македонскиот дух кога се брани државата. Наш долг е да се сеќаваме, да почитуваме и да ја чуваме вистината за нивната храброст. Нека им е вечна слава! Хероите живеат вечно!, порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.  

Осуммината припадници на безбедносните сили во вооружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ посмртно се одликувани со медали за храброст. Во престрелката имаше и 37 повредени припадници на безбедносните сили.

Маркетинг
Ad 2
Ad 4