Connect with us

Свет

Санчез: Ставот на шпанската влада е јасен – не за војната

Шпанскиот премиер Педро Санчез, одговарајќи на заканата на американскиот претседател Доналд Трамп дека може да ја прекине трговијата со Шпанија поради нејзиниот став за војната во Иран, денеска изјави дека ставот на шпанската Влада е јасен – „не за војната“.

Санчез додаде дека денеска ќе се обрати до нацијата, објави „Паис“.

Шпанскиот премиер вчера беше дециден дека неговата земја нема да учествува во воени дејствија, ниту ќе ја поддржи ескалацијата на конфликтот.

Трамп синоќа објави дека САД ќе ја прекинат целата трговија со Шпанија откако земјата одби да ѝ дозволи на американската војска да ги користи нејзините бази за мисии поврзани со нападите врз Иран.

„Шпанија беше ужасна. Му реков на (американскиот секретар за финансии) Скот Бесант да ги прекине сите деловни односи со Шпанија. Не сакаме да имаме никаква врска со Шпанија“, рече Трамп за време на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, според Скај њуз.

Весникот „Паис“ претходно вчера објави дека Санчез одлучил да не им дозволи на САД да ги користат американските воени бази во Шпанија за операции против Иран, и покрај можните политички последици од таквата одлука.

Трамп рече дека САД едноставно би можеле да ги користат шпанските бази, и покрај противењата на шпанската Влада.

Шпанија е меѓу ретките европски земји кои отворено ја осудија акцијата на САД и Израел, додека некои членки на ЕУ изразија резерви, но нагласија дека ги разбираат целите на нападот.

Мадрид вели дека ќе продолжи да се залага за деескалација и враќање на преговорачката маса, предупредувајќи дека продолжениот конфликт би можел да има сериозни последици за Европа.

Маркетинг
Ad 4
Ad 2