Connect with us

Свет

Иранското Собрание на експертите го избра синот на Али Хамнеи за нов врховен водач на Иран

Иранското свештеничко тело, Собранието на експертите, го избра Моџтаба Хамнеи, син на покојниот Али Хамнеи, за нов врховен водач на Исламската Република, јави порталот „Иран интернешнл повикувајќи се на „информирани извори“, кои барале да останат анонимни.

Според овие извори, процесот на брза транзиција на власта и самиот избор на новиот лидер биле спроведени под силен притисок. Одлуката на Собранието на експертите, кое поради неодамнешните воени напади врз неговите комплекси морало да заседава виртуелно, ја потврдува намерата на Техеран да задржи цврст радикален курс и да обезбеди континуитет на режимот.

Одлуката сè уште не е официјално објавена и се очекува откога ќе биде погребан Али Хамнеи, забележува иранскиот портал.

Се додава дека ова не е рутинско наследство, туку воена одлука од безбедносни причини и дека иницира сериозни прашања за уставната постапка.

Како што истакнува порталот, на Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ) сега му се потребни две работи истовремено – контрола и легитимитет.

По атентатот врз Хамнеи, иранските власти го формираа Советот за лидерство, чија цел беше привремено да ги преземе должностите на ајатолахот и да го избере неговиот наследник.

Секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Али Лариџани, рече дека атентатот врз Хамнеи е „многу горлив инцидент“ за целата иранска нација и дека срцето на иранската нација е „изгорено“ од оваа акција.

Али Хамнеи, кој 37 години беше лидер на Иран, беше убиен во израелски воздушен напад врз Техеран во саботата. Тој ќе биде погребан покрај својот татко, во близина на светилиштето на имамот Реза, во вториот по големина град во Иран.

Датум на погребот сè уште не е одреден.

САД и Израел го нападнаа Иран во саботата наутро во она што го нарекоа „превентивни напади“ по неуспехот на повеќе рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.

Потоа Иран почна масовни одмазднички напади врз Израел и цели поврзани со САД во регионот на Блискиот Исток.

Маркетинг
Ad 1
Ad 3