Connect with us

Фудбал

Флик: Горд сум на играчите на Барселона, но разочаран сум од елиминацијата

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот натпревар со Атлетико Мадрид.

Каталонците синоќа го победија Атлетико Мадрид со 3:0 во реваншот од полуфиналето на Купот на кралот.

-Разочаран сум бидејќи имавме многу шанси да постигнеме повеќе голови. Сепак, одигравме одличен натпревар. Горд сум на моите фудбалери. Тие дадоа сè од себе на теренот и беа прекрасни. По натпреварот, секако, штета е што не стигнавме до финалето, но треба да бидеме горди на она што го видоа навивачите. Играчите направија сè што можеа, изјави Флик за „BeIN Sports“.

Мадридскиот тим го доби првиот натпревар со 4:0, па се пласираше во финалето со вкупен резултат 4:3.

Противник на Атлетико во финалето ќе биде победникот од двомечот помеѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад (на првиот натпревар победи Сосиедад со 1:0).

Маркетинг
Ad 3
Ad 3