Connect with us

Општини

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје.

Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од 3.7 степени.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, стои во соопштението на Сеизмолошка опсерваторија, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија. 

Маркетинг
Ad 4
Ad 3