Connect with us

Свет

Во Германија приведени пет лица под сомнение дека извезувале индустриски производи во Русија

Германската полиција приведе пет лица под сомнение дека набавувале индустриски стоки за Русија спротивно на санкциите на ЕУ, соопштија од Обвинителството.

– Осомничените се приведени како дел од националните рации насочени кон поширока мрежа создадена за да ѝ овозможи на Москва да ги заобиколи санкциите на ЕУ воведени поради војната во Украина – соопшти германското Федерално јавно обвинителство.

Се претпоставува дека приведените лица користеле фиктивна компанија за купување индустриски стоки и нивно извезување во Русија овозможувајќи им да ги заобиколат трговските ограничувања.

По целосната руска инвазија на Украина во февруари 2022 година, ЕУ воведе сеопфатни економски санкции, вклучително и врз трговијата, финансиите, енергетиката, индустријата, транспортот и луксузните стоки, со цел да се ограничи способноста на Русија да ја продолжи војната.

Сепак, Русија пронајде начини да ги заобиколи казнените мерки, вклучително и со користење фиктивни компании и нејзината флота во сенка, мрежа од танкери што се користат за заобиколување на санкциите за продажба на нафта.

Маркетинг
Ad 1
Ad 4