Connect with us

Свет

Нилсен: Вашингтон и натаму суштински планира да воспостави контрола врз Гренланд

Премиерот на Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен денеска во обраќање пред данскиот Парламент предупреди дека официјален Вашингтон и натаму суштински планира да воспостави контрола врз Гренланд иако американскиот претседател Доналд Трамп ја исклучи можноста за употреба на воена сила.

„Ставот на Трамп за Гренланд и неговите жители не се променил – Гренланд мора да биде поврзан со САД, а управувањето со Гренланд мора да биде во надлежност на САД“, предупреди Нилсен пред данскиот Парламент, посочувајќи дека САД продолжуваат да бараат „начин да стекнат сопствеништво и контрола врз Гренланд“.

На почетокот на годината, претседателот Трамп го засили притисокот и реториката за американската контрола врз Гренланд.

Маркетинг
Ad 3
Ad 2