Фудбал
Арсенал без Мерино подолг период
Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Микел Мерино, ќе биде подложен на операција поради повреда на стапалото, објави лондонскиот клуб.
Дваесет и деветгодишниот Шпанец ја заработи повредата на натпреварот од 23. коло од англиската лига против Манчестер јунајтед (2:3), кој се одржа на 25 јануари.
– На Мерино му е дијагностицирана повреда на коската на десната нога. Тој ќе биде подложен на операција во наредните денови, по што ќе започне програма за рехабилитација. Се очекува подолго отсуство, се вели во соопштението на Арсенал.
Во сезоната 2025/26, Мерино играше на 33 натпревари во сите натпреварувања, постигнувајќи шест гола и три асистенции
февруари 3, 2026

