Connect with us

Регион

Црна Гора очекува уште 55 милиони евра од Планот за раст

 Министерството за европски прашања на Црна Гора денеска соопшти дека државата исполнила повеќе од половина од мерките предвидени во Агендата за реформи, поради што, како што наведуваат, очекуваат уште 55 милиони евра од Планот за раст.

Владата на Црна Гора го усвои Третиот полугодишен извештај во рамките на Инструментот на ЕУ за реформи и раст, што го подготви Министерството за европски прашања, во соработка со Министерството за финансии и други надлежни институции.

Извештаите се подготвени за следење на спроведувањето на Агендата за реформи на Црна Гора за периодот 2024-2027 година, што претставува клучен оперативен механизам на Планот за раст на Европската унија за Западен Балкан.
Тие додаваат дека по доставувањето на Третиот полугодишен извештај, следува негова евалуација од страна на Европската комисија.

„Доколку Европската комисија ја потврди поднесената проценка, на Црна Гора ќе и бидат доделени дополнителни 59 милиони евра за преземените чекори, пропорционално намалени за 7 проценти, кои ѝ беа доделени на Црна Гора во форма на претфинансирање во текот на мај 2025 година. Ова би бил значаен финансиски и реформски чекор напред во рамките на Планот за раст“, ​​се вели во соопштението.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3