Connect with us

Ракомет

Томовски: Против Португалија на сè или ништо

Голманот на македонската ракометна репрезентација Мартин Томовски оцени дека Данска вечерва максимално ги искористи техничките грешки во нашите редови што на крајот резултираше со висок пораз од 24-36 на стартот на Европското првенство.

„Без разлика што Данска е најдобра, ние излеговме на терен и дадовме максимум. Техничките грешки на стартот не чинеа скапо, а тим како Данска знаеше тоа да го казни“, истакна Томовски.

Македонскиот голман наведе дека натпреварот со Данска, сепак, може да биде добра поука пред пресметката со Португалија, в недела.

„Мислам дека овој натпревар може многу да ни помогне, да анализираме и да направиме добра подготовка за следниот натпревар со Португалците. Мора да ги поправиме грешките, да се консолидираме во одбраната и да атакуваме на позитивен резултат. Верувам дека ќе имаме поинаков натпревар иако и Португалците играат брзо, но и тие имаат слабости. Добро ги анализиравме. Овој дуел беше само увертира и патоказ како не треба, Мораме да ги коригираме грешките и да одиме на сè уште или ништо против Португалија“, додаде Томовски.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4