Фудбал
Тер Штеген пред трансфер во Жирона
Германскиот голман во редовите на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, наскоро ќе ѝ се приклучи на Жирона, на позајмица до крајот на сезоната, јави денеска каталонскиот весник „Спорт“.
Според истиот извор, двата клуба се блиску до финализирање на договорот.
Тер Штеген е во Барселона од 2014 година и оттогаш има 423 настапи во сите натпреварувања, од кои на 176 натпревари ја зачува мрежата на каталонскиот клуб.
Тековниот договор на Тер Штеген со Барселона истекува во лето 2028 година.



