Connect with us

Скопје

Средба на градоначалничката на Кисела Вода со унгарскиот амбасадор

Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска – Трајкоска во просториите на локалната самоуправа, денеска оствари средба со амбасадорот на Унгарија во земјава, Андраш Клеин. Во рамките на разговорот, таа ја претстави својата визија за развој на општината, а посебно беше нагласена подготвеноста за унапредување на долгогодишната соработка меѓу Општината и Унгарија, соопштија попладнево од Општина Кисела Вода.

– Соговорниците посебен акцент ставија на продолжувањето на традицијата на чествување на Шандор Петефи, чија биста е поставена во новиот парк во Драчево. И годинава ќе продолжат активностите поврзани со неговото одбележување, а најавен е и конкурс за учениците од основните училишта, посветен на теми од унгарската историја и државност, се додава во соопштението.

Според Стаменкоска – Трајкоска, преку вакви проекти не само што се унапредува урбаниот и културниот живот во Кисела Вода, туку и се зајакнуваат врските меѓу македонскиот и унгарскиот народ.

Градоначалничката во пишаната изјава истакнува дека соработката со Унгарија е пример за вистинско партнерство и верува дека и во иднина ќе реализираат уште многу заеднички иницијативи.

– На средбата присуствуваше и претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија-Теледом, Јожеф Шутуш, кој ја потврди долгогодишната соработка и одличните релации со Општина Кисела Вода, како основа за понатамошно зближување и заеднички развој, се додава во соопштението.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 3