Свет
Азербејџан почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија
Азербејџан за првпат почна да испорачува природен гас за Германија и Австрија, се наведува во денешното соопштение на државната енергетска компанија на Азербејџан, SOCAR.
Гасот од Азербејџан тече преку Трансјадранскиот гасовод (TAP), кој се протега од грчко-турската граница преку Грција и Албанија до јужна Италија, од каде што се транспортира понатаму на север, пренесува порталот Azer News.
Испораките за Австрија и Германија ќе се вршат преку Италија, што дополнително ја зајакнува улогата на таа земја како клучен гасен центар.
јануари 17, 2026


