Connect with us

Сервисни информации

Зголемено нивото на Преспанското Езеро, се намалуваат водостоите на реките

За три сантиметри е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во споредба со вчера, а нивоата на другите две природни езера во земјата се исти со вчерашните, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Сепак, водостојот на Преспанското Езеро е за 2,26 метра понизок од проесекот за јануари. Нивото на Дојранското Езеро е за 85 сантиметри повисоко од просечното, но е 96 сантиметри под договорениот минимум. Водостојот на Охридското Езеро, пак, е за 10 сантиметри повисок од повеќегодишниот просек за овој период од годината.

И денеска продолжува трендот на намалување на нивоата на речиси сите реки во земјата. Исклучок се реките Вардар на мерните места кај Велес и Демир Капија и Црн Дрим кај Ложани, каде што има зголемување на водостојот, и реките Крива Река кај Крива Паланка, Бабуна кај Богомила и Брегалница кај Берово, каде што нивото е исто со вчерашното.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4