Connect with us

Останати спортови

Ледецки исплива второ најдобро време во историјата на 1.500 метри слободен стил

Деветкратната олимписка шампионка во пливање, Американката Кејти Ледецки, победи на трката на 1.500 метри слободно на натпреварувањето во Остин, постигнувајќи втор најдобар резултат на сите времиња.
Ледецки доминираше од почетокот до крајот на трката и ја исплива патеката со време од 15 минути и 23,21 секунди.
Второпласираната, 16-годишната Бринкли Хансен, заостана повеќе од една минута (16:31,31).
Ледецки е светска рекордерка во трката на 1.500 метри слободно со време од 15:20,48 минути, кое го постигна во мај 2018 година.
Воедно, Ледецки е единствената пливачка која испливала под 15:30 минути на 1.500 метри слободно, а тоа досега го направи десет пати.
„Не знаев што да очекувам од мојот настап во Остин по сите напорни тренинзи. Тоа беше и мојата прва трка на долги патеки од Светското првенство во Сингапур во јули и август минатата година. Но, понекогаш пливам најдобро кога немам големи очекувања“, рече 28-годишната Ледецки. 

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 5