Забава
Британски аристократ бара млада сопруга, условите се неверојатни
Британскиот аристократ г. Бенџамин Слејд (79) јавно објави дека бара значително помлада сопруга која ќе му роди машки наследник што во иднина би го презел неговиот имот во Сомерсет, објави порталот Тајла (Tyla).
Слејд, седми баронет од Сомерсет, наведува дека идната партнерка мора да биде најмалку 20 години помлада од него, а за возврат би добила имот на свое име. Покрај возраста, тој поставил и низа други критериуми: идната сопруга не смее да биде Шкорпија во хороскоп, мора да има возачка дозвола, а пожелно е и да знае да управува со хеликоптер. Употребата на алкохол и дрога е забранета.
Тој бара жената да потекнува од угледно семејство и, доколку е можно, да има сопствен грб. Исклучени се кандидатки од земји чие име почнува со буквата „И“ или чие државно знаме содржи зелена боја, со исклучок на Италија и северна Индија. Тој дополнително ги исклучил Шкотланѓанките, лезбејките и комунистките.
-Не ми пречат канаѓанки, американки, германки и северноевропјанки – луѓе кои ги сметам за слични на мене, изјави Слејд.
Од идната сопруга очекува и да ги владее стандардните танци, да знае да ракува со ловечка пушка, да не го чита весникот Гардијан (The Guardian), да не биде повисока од 165 сантиметри и да води активен животен стил. Свесен за строгоста на своите критериуми, Слејд вели дека на жената што ќе ги исполни би ѝ понудил годишна плата од околу 58.000 евра за управување со неговиот имот од 1.300 хектари, како и дополнителни бенефиции, вклучувајќи дом, автомобил и покриени трошоци. Иако веќе има ќерка, Вајолет, од врска со американската поетеса, Слејд, наведува дека никогаш не ја запознал и дека и понатаму инсистира на машки наследник за продолжување на семејната традиција и грижа за имотот.
јануари 16, 2026


