Connect with us

Свет

Белгија засега не испраќа свои војници на Гренланд

Белгиски војници засега нема да бидат испратени на Гренланд, соопшти денеска Министерството за одбрана на Белгија по најавата за почеток на европската воена мисија на овој дански остров.

– Досега не сме добиле никакви барања за учество од НАТО, ЕУ или билатерално – се наведува во соопштението на Министерството.

Во него се додава дека доколку такво барање сепак биде упатено до Белгија, Министерството за одбрана, заедно со владата, ќе „испита што може да направи“. 

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5