Фудбал
Арбелоа привремено решение, „кралскиот клуб“ го бара Клоп
По отказот за Чаби Алонсо, Реал Мадрид експресно најде замена во сопствените редови и го промовира поранешниот нивни играч Алваро Арбелоа за тренер на првиот тим. Но, по сè изгледа, по елиминацијата од куп-натпреварувањето управата, ќе направи напор да го донесе Германецот Јирген Клоп, кој по заминувањето од Ливерпул сè уште немал ангажман.
Сепак постои еден услов за негово седнување на клупата на Реал Мадрид. Клоп инсистира еден од најдобрите играчи и ѕвездата на клубот, Винисиус, да замине. Ова барање сигурно нема да му се допадне на играчот и на огромната армија негови навивачи, но Клоп има своја визија за создавање екипа во Мадрид.
Управата на клубот е пред тешка одлука – ангажманот на Јирген Клоп ќе значи и голем исчекор за подобрување на резултатите сезонава. Останува секако прашањето дали Клоп ќе ја прифати понудата и колку Арбелоа ќе остане на клупата на Реал Мадрид.
јануари 16, 2026


