Connect with us

Фудбал

Арбелоа: Ни треба најдобрата верзија на Винисиус за Реал да освојува трофеи

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, зборуваше за Винисиус Жуниор по поразот на тимот од 3:2 од Албасете синоќа во осминафиналето на шпанскиот куп.

– Позитивно е што сакаше да биде на теренот и да го одигра целиот натпревар по огромниот напор што го вложи минатата недела. Тој беше подготвен да му помогне на тимот, да преземе сè на себе, да трча насекаде и да не се крие. Таков треба да биде Винисиус – некој што не се плаши, кој презема одговорност и не ја губи смиреноста. Ќе има свои светли и темни денови, но гледам дека е посветен на својата работа и дека е капитен. Убеден сум дека тој ќе ни даде одлични партии ни е потребна најдобрата верзија од него ако Реал Мадрид сака да освојува трофеи, изјави Арбелоа.

Тој на тренерското место во „Кралскиот клуб“ дојде минатата недела на местото на Чаби Алонсо којшто доби отказ по поразот од Барселона во шпанскиот Суперкуп.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 5