Connect with us

Политика

Ристески: Ако СДС беше сериозна партија, немаше да си дозволи ваква деструктивност и ќе беше дел од лидерската средба

Петар Ристески, пратеник во Собранието од ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во синоќешната емисија „Анализа“ на телевизијата „24“, каде што се осврна на темата за лидерската средба, која се одржа вчера и на која присуствуваа лидерите на сите политички партии, освен СДС, а која беше свикана од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата. Како што рече тој, местото на лидерот на опозицискиот СДС беше исто така на таа маса затоа што во државата е потребна конструктивна опозиција, а доколку СДС е сериозна партија, според него, нема да си дозволи да води ваква деструктивна политика, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

– Мене ми е драго што денес, конечно, видовме една ваква конструктивна средба, видовме кога сите лидери на параламентарните политички партии седнаа на иста маса, освен СДС, и покажаа дека во Република Македонија може да се отвори нормален дијалог, нормална дебата за важни политички и економски прашања. Мислам дека ова е вистинскиот начин, тоа го изјави и претседателот на Владата – дека овие средби ќе продолжат, ќе продолжи да се разговара за сите клучни прашања во државата – истакна Ристески.

Тој смета дека многу е важно тоа што сите лидери на политичките партии беа повикани на разговор, а местото на претседателот на СДС требаше да биде на оваа маса доколку, како што вели Ристески, е сериозен лидер.

– Местото денес на претседателот на СДС, ако е сериозна политичка партија и сериозен лидер, беше заедно на масата со сите политички лидери, да го искаже своето задоволство, незадоволство, да предложи законски решенија, како што тоа го направија и другите лидери на политичките партии – посочи Ристески и додаде:

„Сите политички партии, но и сите политички аналитичари, независни, рекоа дека на СДС местото денес беше на таа маса бидејќи само СДС како сериозна политичка партија не смее да си дозволи ваква деструктивност“.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 4