Connect with us

Кошарка

Пењароја по дебаклот на Партизан: Сите сме професионалци, секој има одговорност

Екипата на Партизан синоќа претрпи најголемиот евролигашки пораз на домашен терен. „Црно-белите“ загубија во Белград од Олимпијакос со 104:66.

Тренерот на партизан, Жоан Пенароја е свесен за катастрофалната форма во која се наоѓа неговиот тим.

– Игравме мека одбрана. Лоши проценти на шутирање во нападот. На крајот на краиштата, одигравме лош натпревар. Навивачите и клубот заслужуваат повеќе од нас. Мораме да се натпреваруваме и да бидеме подобри. Вистина е дека тимот имаше многу лоши моменти. А во последните два или три месеци изгледа навистина лошо. Ова е моментот да бидат професионалци, да тренираат напорно, да немаат изговори, да се држат заедно, да играат заедно и да разберат дека сме во тешка ситуација. На секој натпревар и на секој тренинг мора да се потрудиме сто проценти. Да ги вратиме нашите играчи и да ја промениме нашата енергија, говорот на телото во лоши моменти. Се обидувам да им помогнам од кошаркарска гледна точка, да ја подобрам нивната самодоверба. Се обидувам да им помогнам да ја подобрат својата форма и целокупна кондиција. Сите сме професионалци и секој има одговорност да се бори и да игра подобро. И се надевам дека играчите и ние тренерите ќе се подобриме, изјави Пењароја.

Партизан со биланс 6-16 (победи-порази) е последен на табелата во елитното кошаркарско натпреварување.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 1