Фудбал
Конор Галагер се пресели од Атлетико во Тотенхем
Англискиот фудбалер Конор Галагер ги напушти редовите на мадридски Атлетико и потпиша денеска договор во траење од пет и пол години со лондонски Тотенхем.
За услугите на 25-годишниот Галагер беше заинтересирана и Астон Вила, која настојуваше да го доведе на позајмица со опција да го откупи неговиот договор, но таквата опција не беше прифатлива за Атлетико.
Според англиските медиуми, Тотенхем платил 34 милиони фунти за трансферот на Галагер, кој во летото 2024 година се пресели од Челзи во Атлетико за околу 38 милиони фунти.
Галагер претходно настапуваше за Вест Бромвич, Кристал Палас, Чарлтон и Свонси, и одигра 136 натпревари во Премиер лигата.
Тотенхем го ангажираше Галагер, откако Родриго Бентанкур се повреди и ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната.



