Вести
Заврши лидерската средба
По речиси три часа дебата, во Клубот на пратениците заврши лидерската средба иницирана од премиерот Христијан Мицкоски. Иако на масата седнаа речиси сите релевантни политички лидери, вклучувајќи ги Али Ахмети од ДУИ и Димитар Апасиев од Левица, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, не се појави, со што најголемата опозициска партија остана надвор од разговорите за клучните реформи.
На средбата се дискутираше за: Укинување на техничката (Пржинска) влада, реформските закони во правосудството, изборот на нов народен правобранител, измени во Изборниот законик.
Додека Мицкоски бараше национален консензус пред неговото заминување во Давос, Филипче претходно порача дека техничката влада мора да остане како гарант за фер избори, обвинувајќи го премиерот дека бара „алиби“ за предвремени избори.
јануари 14, 2026


