Connect with us

Регион

Вонредна состојба сè уште во осум општини во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека снабдувањето со електрична енергија во државата е релативно стабилизирано и нормализирано, додавајќи дека вонредната состојба е се уште на сила во осум локални самоуправи.

„Вонредната состојба е укината во Пријепоље и Лозница, па сега е се уште на сила во Ваљево, Осечина, Мали Зворник, Крупањ, Мајданпек, Сјеница, Ивањица и на дел од територијата на општина Лучани“, изјави Дачиќ.

Тој исто така изјави дека се обезбедени вкупно 19 агрегатори со поголема моќност, што овозможуваат функционирање на системот, односно луѓето да имаат електрична енергија.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 2