Connect with us

Култура

Василичарски карневал во битолското село Маловишта

Претпладнево во битолското село Маловишта, единствено населено место што се наоѓа во Националниот парк Пелистер, ќе се одржи Василичарски карневал.

На улиците во планинското село Маловиште ќе дефилираат учесници со маски потсетувајќи на дамнешната традиција, која се одржувала токму на Василица, соопштија од организацискиот одбор.

Василичарскиот карневал е можност да се потсети и на туристичкиот потенцијал на потпелистерското село Маловишта, место со убави куќи градени од камен, до кои се доаѓа по камени улици, а преку водните брзаци се поминува по камени мостови изградени од познатите мајстори во тој крај.

Во селото Маловишта се наоѓа црквата „Св. Петка“ со сочуван иконостас, вистинска реткост на ова поднебје, сличен на иконостасот во Бигорскиот манастир, а во ова битолско село во 1892 година го изработил мајсторот Димитриј. Во црквата има и галерија од икони.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 4