Connect with us

Политика

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на техничката влада

Социјалистичката партија на Макединија особено ја поддржува иницијативата за укинување на “техничката влада” како рецидив од едно минато време оптеретено со политички притисоци, уцени и отстапки од националните и државните интереси. Производот на “Пржинскиот” договор, на кој СПМ се спротивстави уште во неговиот почеток, со себе го носи белегот од последиците кои создадоа трауми од злоупотребите и безочното газење врз достоинството на македонскиот народ и граѓани од страна на владите во периодот што следеше.

Денес, после извојуваната слобода од сите наметнати стеги од претходната власт, Македонија и нејзините граѓани заслужуваат демократски амбиент во полн капацитет. Еден од условите за тоа претставува и укинувањето на техничката влада со нејзината целосна неефикасност.

Социјалистичката партија на Макединија има изградено став за поддршка на заложбите на македонската Влада за спроведување на реформските закони во правосудството, изборот на народен правобранител, измените во Изборниот законик и укинување на техничката влада.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5