Фудбал
Реал и Арбелоа потпишаа договор со важност до крајот на следната сезона
Реал Мадрид го назначи Алваро Арбелоа за нов тренер. Алваро Арбелоа би можел да остане на чело на Реал Мадрид и следната сезона.
Четириесет и двегодишниот Арбелоа го презеде тимот во понеделникот, по заминувањето на Чаби Алонсо од функцијата главен тренер.
Според Marca, Арбелоа потпиша договор кој важи до крајот на сезоната 2026/27.
Сепак, тој ќе остане на својата сегашна позиција и по завршувањето на тековната сезона, доколку раководството на клубот одлучи дека целите поставени за него се постигнати.
Реал Мадрид е втор во Ла Лига, со 45 бода по 19 натпревари со четири бода заостанување зад лидерот Барселона.
јануари 14, 2026


