Connect with us

Кошарка

Јасикевичиус уште три години на клупата на Фенербахче

Актуелниот европски кошаркарски првак Фенербахче го продолжи договорот со литванскиот стратег Шарунас Јасикевичиус за уште три години.
„Шарунас Јасикевичиус е еден од луѓето кои најмногу придонесоа за историските успеси што ги постигнавме. Сакаме овој договор да биде корисен за клубот и нашиот главен тренер и се надеваме на сезони исполнети со победи и титули“, објави Фенербахче на социјалната мрежа Икс.
Јасикевичиус, кој беше назначен за тренер на Фенербахче во декември 2023 година, го предводеше турскиот гигант титулата во Евролигата минатата сезона.
Литванецот ја освои и наградата „Александар Гомељски“ за најдобар тренер во Евролигата за сезоната 2024/2025.
Оваа сезона Фенербахче е петтопласиран во моментов на табелата во Евролигата со 13 победи и седум порази.

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 2
Ad 2