Фудбал
Хашек по 17.000 откажани билети за СП 2026: САД не треба да бидат домаќини на турнирот
Поранешниот голман на чешката репрезентација во хокеј на мраз, Доминик Хашек, по масовното откажување на своите билети од страна на навивачите за натпреварите од Светското првенство во 2026 година, побара на САД да им се одземе организацијата.
„Роја њуз“ претходно објави дека приближно 17.000 навивачи ги откажале своите билети за Светското првенство преку ноќ по повиците за бојкот на турнирот поради политиките на САД.
-17.000 откажани билети на Светското првенство? Тоа не е доволно. Земја каде што демократијата е во опаѓање, а насилството и репресијата се раширени… Земја која не го почитува меѓународното право не треба да биде домаќин на Светското првенство или на Олимписките игри, напиша Хашек на социјалните медиуми.
На почетокот на јануари беше објавено дека членови на елитната американска единица Делта Форс го приведоа и заробија венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Подоцна тој беше транспортиран во САД.
јануари 14, 2026


