Свет
Франција ќе отвори конзулат на Гренланд
Франција на 6 февруари ќе отвори конзулат на Гренланд, тоа е планирано уште минатата година, изјави денеска шефот на француската дипломатија, Жан-Ноел Баро.
Тој наведе дека САД мора да престанат да го уценуваат Гренланд.
– Напад врз друга земја членка на НАТО не би имало смисла, би било спротивно и на интересите на САД и затоа оваа уцена мора да престане – посочи Баро за „РТЛ радио“.
јануари 14, 2026


