Connect with us

Ракомет

ЕХФ ЕУРО: Дербито меѓу Шведска и Холандија за македонските судии

До почетокот на Европското првенство остануваат уште два дена, а веќе се одредени судиите за дуелите од првото коло. Македонските судии со знакот на ЕХФ од Битола Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ги судат дуелите во групната фаза во Малме.

Тие во првата рунда ќе го судат дербито меѓу ко-домаќинот Шведска и Холандија што се игра на 17.јануари во 20:30 часот во Малме.

Во оваа група настапуваат уште репрезентациите на светскиот вицепрвак Хрватска и Грузија.

Митревски и Тодоровски за првпат ќе судат на Европско првенство во сениорска конкуренција, додека од листата на судии ЕХФ ги повлече Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 3