Connect with us

Регион

Брнабиќ: Претставниците на Европскиот парламент покажаа непочитување кон Србија со нивната ненајавена посета

Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека претставниците на Европскиот парламент, со тоа што не ја информирале за нивното пристигнување навреме и без да се консултираат за датумот, покажале елементарно непочитување кон српскиот парламент, српските институции, народот и државата.

На денешната седница на српскиот парламент, Брнабиќ, одговарајќи на критиките од опозицијата затоа што не сака да се сретне со европратениците, објасни дека претставниците на ЕП ја информирале на 19 декември дека доаѓаат непоканети на 23 јануари.

„Основно почитување би било, ако веќе доаѓаат непоканети, да се консултираат барем за датумот, но некој да ви каже – еј, доаѓам за еден месец, нацртај се таму, не ме интересира што правиш, не ме интересира дали имаш обврски, но ти, бидејќи јас сум над тебе, ќе бидеш таму и ќе чекаш да разговарам, па тоа е крајно непочитување“, рече Брнабиќ за време на дискусијата за сетот законски решенија во областа на правосудството.

Таа истакна дека Србија ја водат сериозни и одговорни луѓе, кои имаат однапред договорени обврски и се борат за својата земја, а дека опозицијата го искористила тоа за да се пожали кај европратениците и да им каже дека, дефинитивно, ќе ги примат бидејќи немаат никакви обврски.

Тој потег на опозицијата, изјави Брнабиќ, само докажува како би изгледала земјата ако тие ја водат.

„Тие би седеле и би чекале некој од Европскиот парламент да им каже што да прават, со кого да се сретнат, каде да се појават и тоа би било тоа. Таква би била нивната влада, такво би било нивното собрание, таков би бил нивниот претседател“, нагласи Брнабиќ.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 1
Ad 4