Фудбал
Англискиот репрезентативец на мета на Баерн
Капитенот на премиерлигашот Кристал Палас Марк Геи е еден од најбараните играчи од одбраната во овој преоден рок. Последните информации од германските медиуми се дека првакот на Бундес лигата Баерн е во постојан контакт за негов потенцијален премин.
Геи во јуни е слободен играч што му дава шанса за преговори.
Во трка за потпис се наоѓаат и премиерлигашите Ливерпул и Манчестер Сити. Доколку трансферот се случи зимава неговиот клуб ќе може да заработи обесштетување, а се проценува на сума од околу 20 милиони евра.
Фудбалерот во летниот преоден рок беше пред трансфер во англискиот првак Ливерпул, но тогаш менаџерот на клубот Оливер Гласнер во последен момент го стопираше трансферот, кој пропадна буквално во последниот ден.
јануари 14, 2026


