Connect with us

Фудбал

Ајакс го доби на позајмица од Милан синот на Златан Ибрахимовиќ

Ајакс го објави потпишувањето на фудбалерот од средниот ред на Милан, Максимилијан Ибрахимовиќ.

Фудбалерот се приклучи на холандскиот клуб на позајмица до крајот на сезоната 2025/26. Договорот вклучува опција за откуп.

Деветнаесетгодишниот Максимилијан е син на поранешниот напаѓач на Милан и Шведска, Златан Ибрахимовиќ, кој моментално работи како советник на раководството на италијанскиот клуб.

Оваа сезона, Ибрахимовиќ помладиот одигра 17 натпревари за младинскиот тим на Милан, постигнувајќи пет гола и четири асистенции

Ad 4
Маркетинг
Маркетинг
Ad 5
Ad 1