Connect with us

Вести

Муцунски на проштална средба со амбасадорката Агелер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

Како што информира Муцунски преку објава на неговиот фејсбук-профил, на средбата е изразено заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.

– Денеска, остварив проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
Изразив благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат – напиша Муцунски.

Воедно, како што посочува во објавата, размениле мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што ја потврдиле заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3