Вести
МНР: Македонските граѓани, кои се во Иран, да ја напуштат земјата и да се одложат сите патувања
Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, апелира и да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни.
Како што информираат од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk , како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
јануари 13, 2026


