Кошарка
Леброн Џејмс добива посебен беџ на дресот
Легендата на НБА лигата Леброн Џејмс ќе носи специјализиран беџ на својот дрес почнувајќи од дуелот со Сакраменто Кингс. Беџот ќе ја одбележува неговата 23. сезона во НБА лигата, на која ќе се наоѓа и неговата силуета, како и бои на дресовите за екипите за кои настапувал.
Посебна симболика има и во тоа што Леброн Џејмс својот прв натпревар го одигра токму во Сакраменто во 2003 година.
Во 41. година од својот живот односно сезонава Леброн има просек од 22 поена; 5,6 скокови и 7 асистенции по натпревар.
Некои од беџовите ќе бидат искористени за изработка на ретки колекционерски картички.
јануари 13, 2026


