Connect with us

Вести

Истражување: Верата не треба да биде пречка, туку можност за дијалог

Верата не треба да биде пречка, туку можност за дијалог, сметаат повеќе од 70 % од анкетираните средношколци и студенти од Православната богословија „Св. Климент Охридски“, Православниот богословски факултет – Скопје, Медресата „Иса-бег“, Филозофскиот факултет – Скопје и Факултетот за исламски науки – Скопје, покажуваат резултатите од истражувањето за ставовите на младите кон религијата, етиката и секојдневните предизвици, спроведено во текот на 2025 година, соопшти Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи.

За 81 %, религијата има значително влијаение врз нивното секојдневно однесување, а за 62 % – игра важна улога во нивниот личен живот.

Значително мнозинство го поддржува воведувањето на етиката и религијата во формалното образование како механизам што активно помага во справувањето со нивните секојдневни предизвици.

Целта на истражувањето беше да се измери како младите ги перцепираат религиозноста, етиката и моралните вредности во контекст на секојдневниот живот и психосоцијалните предизвици, вклучувајќи го и нивниот став за воведување на религијата во формалното образование.

Истражувањето е презентирано на Третата светска конференција за меѓурелигиски дијалог, која се одржа во Крушево од  23 до 26 јуни 202 година, каде што се отвори поширока дебата за улогата на религијата во образованието, етиката и благосостојбата на младите.

Трудот е објавен во меѓународното научно списание The Journal Religious Dialogue and Cooperation на Центарот за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кое публикува оригинални и рецензирани научни трудови од областа на религијата.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3