Connect with us

Свет

Трамп потпиша указ за заштита на венецуелските активи под американска јурисдикција

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша указ со кој се обезбедува заштита на венецуелските државни активи, вклучително и приходите од нафта што се наоѓаат под јурисдикција на Соединетите Американски Држави.

Целта на указот е тие средства да бидат заштитени од можни судски пресуди или побарувања од доверители.

Со потпишувањето на овој акт, Трамп има намера да „придонесе за остварување на целите на надворешната политика на САД“, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Указот предвидува формирање депозитен фонд што ќе ѝ припаѓа на венецуелската држава, но ќе биде лоциран во САД и под контрола на американската влада.

Трамп претходно одржа состанок во Белата куќа со шефовите на големи нафтени компании, со цел да ги охрабри да инвестираат во венецуелската нафтена индустрија.

„Ќе имате целосна сигурност“ за работа, им порача американскиот претседател, без притоа да прецизира во каква форма ќе бидат тие безбедносни гаранции. Тој, исто така, исклучи можност за американско воено присуство во Венецуела со цел заштита на нафтениот сектор.

Според планот на Трамп, сите активности ќе се спроведуваат под покровителство на САД, кои ќе одлучуваат кои нафтени компании ќе можат да ги експлоатираат огромните ресурси на јужноамериканската земја, додека властите во Каракас нема да имаат улога во тој процес.

Американскиот министер за енергетика Крис Рајт по состанокот изјави дека обновувањето на нафтеното производство во Венецуела „ќе потрае“, признавајќи дека процесот нема да биде брз.

Иако Венецуела располага со најголемите докажани резерви на сурова нафта во светот – над 300 милијарди барели – нејзината инфраструктура е во многу лоша состојба, а целосното обновување на производството може да потрае со години.

И покрај изјавите и охрабрувањата, Трамп на состанокот не добил конкретни уверувања за преземање обврски од нафтените компании. 

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 5