Connect with us

Вести

Два града – иста болка: Кочани со тишина и 40 бели балони им оддаде почит на жртвите од Кран-Монтана

Граѓани на Кочани заедно со родителите на починатите во пожарот во „Пулс“ доцна попладне се собраа во „Паркот на Револуцијата“ во чест и почит кон жртвите во пожарот во клубот „Ла Констелејшн“ во Кран-Монтана во Швајцарија што се случи на 1 јануари годинава.

Собирот се одржа под мотото „Два града – иста болка“ во тивка и мирна атмосфера. Присутните запалија 40 свеќи во форма на срце, кон небото полетаа четириесет балони…

-Од Кочани, град што ги закопа своите соништа заедно со своите деца, ви испраќаме прегратка што не лечи — но сведочи. Нека почиваат во мир. Во светлина. И во љубов што не згаснува, порачаа мајките од Кочани преку писмо што беше прочитано на собирот попладнево до мајките од Кран Монтана 

Присутните во „Паркот на Револуцијата“ рекоа дека ја споделуваат тишината што ги поврзува оние што загубиле со оние што паметат и запалија свеќи во чест на жртвите во клубот во Кран-Монтана.

На собирот присуствуваше и претставник на Швајцарската амбасада во Македонија.

Во пожарот во Кран Монтана животот го загубија 40 млади луѓе, додека во трагедијата во „Пулс“ имаше 63 жртви.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 1