Connect with us

Останати спортови

Хиршер се откажа од настап на ЗОИ 2026

сумкратниот победник во Светскиот куп во алпско скијање, Австриецот Марсел Хиршер, го заврши својот обид да се врати на патеката и да избори настап на претстојните Зимски олимписки игри во Милано и Кортина.

Триесет и шестгодишниот Хиршер минатата сезона се врати на професионалното скијање по петгодишна пензија и се натпреваруваше во Светскиот куп под холандско знаме, но по само три трки ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено.

Двократниот олимписки шампион се надеваше дека ќе се врати во врвна форма и ќе се квалификува за ЗОИ, кои почнуваат на 6 февруари. Сепак, како што објави денеска во видеообраќање на социјалните мрежи, враќањето на патеката не е реално во моментов.

-Вистината е дека тоа не е можно во моментов. Брзината со кој можам да скијам сега не е на нивото на Светскиот куп, рече Хиршер.

Поранешната ѕвезда на австриското скијање наведе дека и повреда на листот дополнително го принудила да направи двонеделна пауза за време на празниците.
„Хејтерите“ ќе се радуваат на ова. Ниту јас не сум задоволен од ситуацијата. Жал ми е што нема да се случи оваа година“, додаде Хиршер, со порака до навивачите дека се надева оти ќе се врати следната сезона.
Хиршер настапи на три Олимписки игри од 2010 до 2018 година и освои златни медали во велеслалом и алпска комбинација, како и сребро во слалом. Со 67 победи во трките од Светскиот куп, Хиршер е втор на вечната листа во машка конкуренција, зад легендарниот Швеѓанец Ингемар Стенмарк.

Ad 2
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3