Сцена
Бруклин Бекам бара од родителите да комуницираат само преку адвокати
Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, побарал од родителите да го контактираат исклучиво преку неговите адвокати. Според извори блиски до семејството, адвокатските тимови на Бруклин и неговите родители размениле правни писма во кои е нагласено дека комуникацијата треба да биде формална и посредувана преку правни застапници, јавува британскиот „Дејли мејл“(„Daily Mail“).
Бруклин посебно нагласил дека не сака јавни изјави на родителите за него на социјалните мрежи. Сепак, тој истакнал дека е во редовен контакт со четири членови на семејството: бабите и дедовците од мајчина и од таткова страна. Проблемите настанале откако Бруклин сметал дека медиумските изјави за неговата сопруга Никола Пелц Бекам, за време на летото биле „злонамерни“, вклучувајќи тврдења дека тој е „заложник“ под влијание на сопругата. Минатата есен, парот дури ги блокирал родителите, братот и сестрите на Бруклин на социјалните мрежи.
Личност блиска до семејството посочува дека Никола и Бруклин посакуваат мир и приватност и се надеваат дека формалната комуникација преку адвокати ќе помогне да се смири ситуацијата. Викторија и Дејвид сè уште сакаат да го обноват контактот со синот, а според изворот, искрено извинување од нивна страна е пресудно за повторно воспоставување на семејните односи.
Бруклин (26) и Никола (30) се венчаа во април 2022 година, но проблемите започнале уште при планирањето на венчавката, вклучувајќи недоразбирања околу венчаницата и медиумските коментари.
јануари 10, 2026


