Сцена
Култни песни кои во 2026 година полнат 40 години: Засекогаш го променија светот на музиката
Некои од песните кои оставиле незаборавен белег во музичката индустрија, оваа година полнат 40 години. Тие и понатаму привлекуваат внимание на слушателите, вклучувајќи ја и помладата публика. Една од нив е „Живеејќи со молитва“ на групата Бон Џови. Како нивно првенче песната се најде на првото место на „Билборд“ („Billboard“) листа на најпопуларни рок- песни, како и за „најхит“ на „Билборд хот“ (Billboard Hot) 100 листата. Во 2013 година, песната доби трократна платинеста сертификација за повеќе од три милиони дигитални симнувања, а од тогаш е продадена во повеќе од 13 милиони примероци ширум светот, што ја прави еден од најпродаваните песни на сите времиња.
Песната „(Токму сега) умрев во твоите раце“ „(I Just) Died In Your Arms)“ на британската група Катинг Кру (Cutting Crew) исто така слави 40 години од објавувањето. По објавата доби различни критики, некои ја пофалија мелодијата и продукцијата, додека други ја критикуваа за недостаток на оригиналност. Иако доживеа голем комерцијален успех, поради оваа песна Катинг Кру доби титула на бенд со само еден хит.
На листата е и хитот на Мадона „Тато, не поучувај“ („Papa Don’t Preach“) од нејзиниот трет албум „Вистински сино“(True Blue). Критичарите тогаш посебно го пофалија пејачкиот израз на Мадона. Во спотот, режиран од Џејмс Фоли, Мадона прикажа поинаков, повозрасен изглед додека глуми млада жена која се спротивставува на својот татко кој се обидува да го контролира нејзиниот живот.
Групата Европа (Europe) во 1986 година ја објави „Последното одбројување“ („The Final Countdown“). Песната ја напиша нивниот фронтмен Џои Темпест, а текстот е инспириран од песната „Вселенска чудност“ („Space Oddity“) на Дејвид Боуви. Првично била замислена само како воведна песна на нивниот концерт, но подоцна е избрана за насловна песна на истоимениот албум, по што влезе во музичката историја.
Легендарната „Земи ми го здивот“ („Take My Breath Away“) на групата Берлин (Berlin) исто така е објавена во 1986 година. Песната ја напишаа Џорџио Мородер и Том Витлок за саундтракот на филмот „Топ пилот“ (Top Gun). Таа ја освои наградата на Академијата за филмска уметност и наука за најдобра оригинална песна на 59 „Оскари“, како и „Златен глобус“ за најдобра оригинална песна на 44 „Златни глобуси“.
На листата е уште еден хит на Бон Џови-„Љубовта ја правиш лоша“ („You Give Love A Bad Name“) која, на 29 ноември 1986 година достигна прво место на американската Билборд хот 100 листа, а во 2007 година повторно се најде на листата на 29 место, по настапот на Блејк Луис на Американски идол.
Хитот „ Како би знаела“ (How Will I Know“) на Витни Хјустон првично беше наменет за Џанет Џексон, но таа го одби. Песната достигна прво место на американската Билборд хот 100 листа во февруари 1986 година и стана првата песна на Витни Хјустон која беше на врвот на канадската РПМ топ 100 листа.
Старите песни денес доживуваат нов живот бидејќи социјалните мрежи, особено Тикток, повторно ги откриваат и ги претвораат во музички хитови меѓу новите генерации.
јануари 9, 2026


