Connect with us

Вести

Филипче: Доколку се распишат избори СДСМ ќе учествува

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, денеска на прес-конференција изјави дека доколку се распишат избори, СДСМ ќе учествува на нив и ќе се бори со сите демократски средства.

Филипче притоа ја образложи одлуката зошто партијата не прифаќа лидерска средба за техничката влада. Тој нагласи дека техничката влада е единствената гаранција за фер и демократски изборен процес.

„Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија на одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес. Не смее да се укине техничката влада, која е единствена можност за фер и демократски избори. Не ја сакаат бидејќи кога ќе влезе министер од опозицијата, чесно се откриваат претходните криминали и злоупотреби. Јасно кажавме дека станува збор прво за извори, а потоа за мигранти за пари. Нека ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ сами ги распишат изборите, ние нема да бидеме покритие за тоа сценарио и легитимирање на овој маневар чија цел е избегнување на одговорноста“, рече Филипче.

Тој додаде дека причина за ваквото брзање на опозицијата е паника и дека СДСМ ја разоткри позадината на владеењето на коалицијата ДПМНЕ-ЗНАМ, особено во случаите поврзани со мигрантите, Алта банка и правосудниот систем.

Ad 3
Маркетинг
Маркетинг
Ad 3
Ad 3