Connect with us

Живот

Германците лани размениле повеќе од 53 милиони марки за евра

Германските граѓани, дури и 24 години по воведувањето на еврото, сè уште ги чуваат старите германски марки, а Бундесбанк минатата година размени речиси 53,1 милиони марки, што одговара на нешто повеќе од 27 милиони евра, објави централната банка.

Во претходните години, бројките беа слични: во 2024 година беа разменети околу 53,2 милиони марки, а во 2023 година, нешто повеќе од 58 милиони, пишува „Шпигел“.
„Веројатно е дека одреден ефект од последователната размена, што доведе до зголемување на бројките во годините по пандемијата, сега е завршен“, рече член на одборот на директори на Бундесбанк, Буркхард Балц.


Старите банкноти и монети често се појавуваат во наследства или како случајни наоди, а понекогаш се чуваат од носталгија, истакнува порталот.


Минатата година, Бундесбанк прими неколку банкноти од пет марки со рачно напишани пораки, датирани од 2000 и 2001 година.


Според Бундесбанк, повеќе од 162 милиони банкноти и повеќе од 23 милијарди монети сè уште не се разменети – вкупна вредност од околу 12,1 милијарди марки, што е околу 6,2 милијарди евра.


Половина од таа сума се монети – 6,52 милијарди марки, а остатокот се банкноти – 5,61 милијарди марки.


Бундесбанк нуди неограничена размена на стари марки за евра, по фиксен курс од 1,95583 марки за едно евро.


Размените може да се направат во која било од 31-те филијали на банката или по пошта преку Мајнц.


Германија е меѓу седумте земји од еврозоната каде што размената на старата национална валута не е временски ограничена.


Други земји со слична практика се Австрија, Ирска, Естонија, Латвија, Литванија и Бугарија.

Ad 1
Маркетинг
Маркетинг
Ad 4
Ad 3