Останати спортови
Домен Превц победник на „Четири скокалници“
Словенечкиот ски-скокач Домен Превц го освои „Златниот орел“ победувајќи на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
Домен е трет Словенец и втор член на семејството Превц кој триумфирал на Новогодишната турнеја. Тој триумфира со 1195,6 поени по четири натпревари и беше подобар од Австријците Јан Херл (-42,3) и Стефан Ембахер (-45,0).
Помина една деценија откако најстариот брат Превц го освои Златниот орел на многу сличен начин. Петер Превц ја имаше најубавата сезона во својот живот во зимата од 2015/16 година, кога ја освои турнејата, како и Светскиот куп.
Домен превц до трофејот стигнува со две победи и две втори места. Тој вечерва во Бишофсхофен го освои второто место, втор беше и во Инсбрук, а победи на првите две етапи, во Оберсдорф и во Гармиш-Партенкирхен.
Воедно, Домен Превц вечерва ја продолжи серијата подиуми во Светскиот куп која трае 12 натпревари. Му недостасува само уште еден подиум за да го израмни светскиот рекорд.
јануари 7, 2026


